24фудбал

Гвардиола не се штедеше на пофалби за Олмо: Неверојатен фудбалер со голема иднина

21 годишниот Шпанец има договор со Динамо Загреб со важност до 2021. година, извесно е дека во хрватскиот првак нема да ризикуваат да останат со празни раце од големиот интерес за неговите услуги, па нема да зачуди во скоро време да биде продаден за голема сума на обештетување.

Лига на Шампиони

Шефот на стручниот штаб на англискиот првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не се штедеше на пофални зборови за ѕвездата на Динамо Загреб, Дани Олмо, кој инаку потекнува од младинскиот погон на Барселона.

Токму 21 годишниот фудбалер од средниот ред беше стрелецот на водечкиот гол за хрватскиот првак во дуелот со „Граѓаните“ вчера во последното коло од групната фаза од Лигата на шампионите, меѓутоа домаќинот не издржа против фаворитот и на крајот се соочи со елиминација.

Тој е фудбалер од топ класа, има голема иднина пред него, тоа сигурно“ беа првите зборови на Гвардиола за фудбалерот кој мина низ сите младински категории на Барселона, за по категоријата за фудбалери до 18 години во 2014. година да се пресели во Динамо Загреб.

Неговите перформанси докажуваат за каков фудбалер станува збор, а што се однесува околу можниот трансфер и парите кои ги заслужува, тоа во моментов не е поентата. Поентата е во тоа што тој е неверојатен фудбалер и сигурен сум дека може да игра во најсилните лиги во Европа, се надевам дека Динамо Загреб би посакал такво нешто, а доколку и Олмо тоа го посакува, тоа може да се случи“ додаде каталонскиот тренер.

Олмо се поврзува со повеќе гиганти низ Европа, а за него интерес наводно постои од Манчестер Сити и Барселона, се споменуват и Милан и Рома, а говорејќи пред мечот во Загреб, Гвардиола беше јасен во одговорот на прашањето за шпекулациите околу Олмо и шампионот на Англија.

Според пишувањата на медиумите ние сакаме да ангажираме 100 фудбалери на месечно ниво, и секако, тука се наоѓа и Олмо, тој е еден од нив, ќе видиме што ќе се случи“ рече Гвардиола пред мечот.