24фудбал

Зидан: Доколку играме против Ливерпул, ќе ги елиминираме

Баерн Минхен, Јувентус, Манчестер Сити и Ливерпул се дел од можните противници на „Кралевите“ уште во 16 финалето од Лигата на шампионите, со оглед на фактот што завршија како второпласирани во својата група.

Лига на Шампиони

Предводникот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се пошегува на тоа дека неговиот тим е подготвен да го елиминира европскиот првак Ливерпул во нокаут фазата, поточно во 16 финалето од тоа натпреварување доколку обете екипи се сретнат во идната рунда.

Реал Мадрид обезбеди место во 16 финалето, меѓутоа како второпласиран во својата конкуренција каде на првото место заврши ПСЖ, таквиот епилог на настаните во таа група донесе можност „Кралевите“ да добијат тежок противник уште во првата рунда натпревари од нокаут фазата.

Доколку играме против Ливерпул, ќе ги елиминираме“ рече францускиот фудбалски стратег запрашан дали „Редсите“ се екипа која мора да се избегне на ждрепката предвидена да се одржи во понеделник.

Ние не можеме ништо да сториме што се однесува до ждрепката“ додаде тој.