24фудбал

ЛЕ: Лацио елиминиран уште во групната фаза, Арсенал со крајни напори до првото место (ВИДЕО)

Комплетирана е првата рунда натпревари од последното шесто коло во групната фаза од Лига Европа, со преостанатите натпревари кои стартуваат подоцна од првите ќе се комплетира оваа фаза од второто по ранг европско клупско натпреварување.

Лига Европа

Арсенал се избори за реми со резултат 2-2 кај Стандард, иако домаќинот имаше капитална предност за победа, која со оглед на расплетот на околностите ќе значеше и прогрес во нокаут фазата од Лига Европа, но, до тоа не дојде.

Бастиен и Амалах донесоа предност од 2-0 за Белгијците кои не издржаа до крајот, па со погодоците на Лаказет и Сака, Арсенал на крајот обезбеди реми од ова тешко гостување и остана на првото место во групата „Ф“ и од таа позиција патува во нокаут фазата.


На другиот меч од таа конкуренција вистинска драма се одвиваше во пресметката помеѓу Ајнтрахт Франкфурт и Гимараеш, каде славеа гостите на крајот со 2-3.

Најнапред поведе Гимараеш со голот на Рочиња, а следеа погодоците на Да Кошта и Камада за пресврт на Ајнтрахт Франкфурт кој со преднос од 2-1 замина на паузата, а со тој резултат во тие моменти, и оној во Белгија, „Бундеслигашот“ беше прв, Арсенал втор со оглед на подобриот скор во меѓусебниот дуел со Стандард, со можност „Топчиите“ дури и да бидат елиминирани доколку беа поразени со повисока гол-разлика од 4-0.

Меѓутоа, работите во продолжение се променија, па така Гимараеш со погодоците на Елмустрати и Едвардс во завршницата стигна до победа од гостувањето во Германија, епилог кој најмногу му одговараше на Арсенал кој во покомотна позиција патува во нокаут фазата.

Од останатите натпревари го бележиме поразот на Лацио кај Рен со 2-0, погодоците за домаќинот ги постигна Гањон, па така Селтик (13) од оваа конкуренција патува во нокаут фазата како прв, а Клуж(12) заврши на второто место.

Лацио (6) се надеваше на пораз на Клуж, но истовремено требаше да победи во Франција и да се израмни со романскиот прволигаш, кого дома го совлада минимално, а на гости постигна гол во поразот од 2-1.  


 

Резултати:

АПОЕЛ – Севилја 1:0

Базел – Трабзонспор 2:0

Клуж – Селтик 2:0

Динамо Киев – Лугано 1:1

Ајнтрахт Франкфурт – Гимараеш 2:3

Копенхаген – Малме 0:1

Гетафе – Краснодар 3:0

ЛАСК Линц – Спортинг Лисабон 3:0

ПСВ – Розенборг 1:1

Карабах – Дуделанж 1:1

Рен – Лацио 2:0

Стандард – Арсенал 2:2

 

Со почеток од 21 часот се играат и останатите натпревари со што ќе се заокружи групната фаза од Лига Европа оваа сезона.