24фудбал

Импресивните настапи му донесоа нов договор, Томори во Челси до 2024

21-годишниот Фикајо Томори стави потпис на нов петгодишен договор со Челси според кој ќе остане на Стемфорд Бриџ до 2024 година.

Англија

Младиот дефанзивец се избори за настап во стартниот тим на Френк Лампард, тој почна дури 11 од 16 натпревари во Премиерлигата.

Неговите одлични партии му го донесоа и дебитантскиот настап за англиската репрезентација.

Томори е производ од школата на Челси, во клубот е од својата седма година. Во последните години се развиваше како позајмен фудбалер, а во минатата сезона играше за Дерби каде тренери му беше токму Лампард.

„Клубот беше премногу добар со мене, гледајќи како се развивав во фудбалер и личност која што сум денес. Остварување на сонот за мене е ова потпишување на нов петгодишен договор. Навистина сум среќен што клубот покажа верба во мене и возбуден сум да продолжам понатаму“, изјави Томори.