24фудбал

Нејмар вака тешко ќе се врати на Камп Ноу, Бразилецот и пушти нова тужба на Барселона!

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Нејмар доставил нова тужба до Барселона, Бразилецот бара 3,5 милиони евра на име на неисплатена плата, бонус и камата.

Шпанија

Нејмар изминатово лето силно се поврзуваше со трансфер во Барселона, Лео Меси и останатите ѕвезди инсистираат на негов ангажман додека пак дел од раководството беше резервирано поради начинот на кој тој замина од Камп Ноу.

На луѓето кои беа против оваа зделка сигурно нема да им се допаднат последните стории, Ел Мундо обави дека Бразилецот доставил нова тужба до Барселона. Тој бара 3,5 милиони евра на име на неисплатена плата, бонус и камата.

Весникот додава дека Нејмар го обвинил клубот на чело со Жозеп Мариа Бартомеу дека не се однесувалe добронамерно и се одмаздувалe поради трансферот во Париз.

Нејмар и Барселона веќе се инволвирани во еден процес, напаѓачот на суд си го бара бонусот кој му следувал за потписот на новиот договор и бара сума од преку 30 милиони евра.