24фудбал

Баерн урива рекорди, досега заработи над 74 милиони евра од Лигата на шампионите

„Баварците“ испишаа историја откако станаа првиот тим кој триумфирал на сите натпревари во групната фаза а беспрекорниот учинок донесе и рекордна заработка, клубот од Алианц Арена до овој момент има заработено 74,19 милиони евра.

Лига на Шампиони

Баерн Минхен имаше 100% учинок во групната фаза, шест победи од шест меча и гол разлика од 24:5. Но ова не е единствената причина за радост на Алианц Арена, покрај добрите игри, клупската каса значително ќе се наполни.

Билд пишува дека „баварците“ уриваат рекорди и до сега заработиле 74,19 милиони евра. На шампионот на Германија му следуваат 15,25 милиони евра за влез во групната фаза, пари кои ги добиваат сите 32 клуба, плус 33,24 милини евра од историскиот коефициент, плус 16,2 милиони евра за победите и за крај плус 9,5 милиони евра за пласманот во нок-аут фазата.

На оваа сума треба да се додаде и делот од маркетинг колачот, па Билд вели дека уште сега може да се каже дека Баерн оваа сезона од настапот во Лигата на шампионите сигурно ќе заработи преку 100 милиони, без разлика на резултатите во нок-аут фазата, каде исто така има убави премии и се добива 10,5 милиони евра за пласман во четвртфинале, 12 милиони евра за пласман во полуфинале и 15 милиони евра за пласман во финале.

Ова се само пари од УЕФА, во нив не влегуваат приходите од продажба на влезници и останати производи на стадионот кои сигурно изнесуваат неколку десетици милиони евра.