24фудбал

Таткото на Нејмар: Порано или подоцна, ќе се договориме со Барселона

Таткото на Нејмар ги прокоментира сториите за нова тужба до Барселона, вели дека недоразбирањата помеѓу двете страни се од поодамна и очекува да биде пронајден заеднички јазик за решавање на спорот.

Шпанија

Ел Мундо синоќа објави дека Нејмар доставил нова тужба до Барселона и бара 3,5 милиони евра на име на неисплатена плата, бонус и камата. Таткото на напаѓачот сега даде појаснување, вели дека медиумите сакаат да креираат контроверзија и овие недоразбирања помеѓу двете страни биле од поодамна и дел од тужбата која беше доставена по трансферот во ПСЖ во 2017.

„Пред неколку месеци бевме во Барселона за да најдеме решение, спорот е од поодамна, ниту ние сме загрижени, ниту луѓето од Барса. Сигурен сум дека порано или подоцна, ќе падне договор помеѓу Барселона и Нејмар. Правдата е бавна, ова е нормална работа. Некој сега само се обидува да креира контроверзија“ – вели Нејмар постариот.

Запрашан за можноста неговиот син повторно да го облече дресот на „каталонците“, тој додава: „Никогаш не сме имале лош однос со Бартомеу. Не знам дали Нејмар ќе заигра повторно со Меси, во моментов е под договор со ПСЖ“.