24фудбал

„Меси е најдобар во својата ера, но тешко е да се каже дека е најдобар на сите времиња“

Легендарниот Роналдињо вели дека не може да каже дека Лео Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Шпанија

Меси ја освои шестата Златна топка и според многумина тој е најдобар фудбалер на сите времиња, но Роналдо вели дека е тешко да се каже тоа.

„Среќен сум Меси ја освои Златната топка, бевме пријатели додека играв во Барселона“, вели Роналдињо.

„Но не сакам да правам споредби, тешко е да се каже дека тој е најдобриот на сите времиња“.

„Светот ги имаше Марадона, Пеле, Роналдо... тешко е да се каже дека Меси е најдобар во историјата на фудбалот. Но можам да кажам дека е најдобар во неговата ера“.