24фудбал

Официјално: Јирген Клоп и Ливерпул си подадоа рака за нов договор!

Ливерпул потврди дека постигнале согласност за нов договор со тренерот Јирген Клоп според кој ќе остане на Енфилд до 2024 година.

Англија

Убава вест за навивачите на Ливерпул, нивниот херој, Јирген Клоп ќе потпише нов четири и пол годишен договор.

Ливерпул со задоволство може да информира дека Јирген Клоп се согласи да го продолжи договорот со клубот. Тренерот ќе го предолжи својот престој со црвените до 2024 година“, стои во соопштението на Ливерпул.

Клоп на Ливерпул минатата година му ја донесе круната од Лигата на шампионите, а оваа сезона се во позиција конечно црвените да се израдуваат и на толку посакуваниот трофеј во Премиерлигата.

Клоп во Ливерпул дојде до 2015 година, доколку го испочитува и новиот договор тоа ќе значи дека ќе остане најмалку девет години во клубот што после Фергусон и Венгер ќе го направи тренер во Англија со најдолг престој во еден клуб.