24фудбал

Клоп и од веста за нов договор направи шоу: На кого не му се допаѓа ова, слободно нека го исклучи каналот (ВИДЕО)

Јирген Клоп во разговор со ТВ каналот на Ливерпул објасни зошто решил да го продолжи договорот, Германецот притоа успеа да направи шоу од веста дека останува на Енфилд до 2024 година.

Англија

Минатото лето имаше доста шпекулации за иднината на Јирген Клоп, се говореше дека Германецот ќе го одработи својот договор со Ливерпул до 2022 и потоа ќе одмара една година.

Сепак, утрово клубот од Енфилд објави дека е подадена рака за продолжување на соработката и Јирген Клоп ќе остане до 2024 година. Стратегот во разговор со за ТВ каналот на Ливерпул објасни зошто решил да стави потпис на нов договори и притоа успеа да направи шоу од веста.

„Решивме да продолжиме со она што функционираше добро. Постигнавме согласност за договор до 2024 година. Ова се добри вести за некого, не толку добри за други, извините, ако не ви се допаѓа ова, слободно можете да го исклучите каналот. Продолживме поради неколку причини... како прво и основно, ни се допаѓа тука, се чувстуваме како дома. Имаме одлично разбирање со најголемиот дел од луѓето и мислевме дека е прав момент за нов договор. Клубот исто така беше заинтересиран за ова, па си подадовме рака“ – вели Јирген Клоп во ображањето до фановите.

„Преговорите не беа тешки, барем јас така мислам. Во секој случај ќе треба да го прашате за ова и Мајк Гордон (претседателот на ФСГ). Можевме да молчиме и ова да биде тајна, но тешко е да се сочува нешто вакво во денешно време па затоа мислам дека вие сте правите луѓе кои треба да го слушнат ова. Се гледаме почесто во иднина“.

Покрај Германецот, нови договори добија и неговите помошници Петер Кравиц и Пепијн Лијндерс.