24фудбал

Гвардиола негира дека има тајна клаузула во договорот за заминување од Сити

Пеп Гвардиола ги демантираше информациите кои велеа дека тој има тајна клаузула во договорот со Манчестер Сити дека може слободно да си замине по крајот на сезоната.

Англија

На Пеп Гвардиола не му оди најдобро оваа сезона, тој веќе заостанува со 14 бода зад лидерот Ливерпул и многу веројатно дека нема да ја одбрани титулата во Премиерлигата.

Утринава неколку весници објавија дека Гвардиола има тајна клаузула во договорот според која може да си замине од клубот.

На денешната прес конференција на Пеп му беше поставено и тоа прашање, тој ги негираше информациите и рече дека сака да си го испочитува актуелниот договор, нема намера да си оди.

„Не, тоа не е точно. Мојата намера е да го испочитувам договорот кој трае до 2021 година“, вели Пеп Гвардиола.