24фудбал

Анчелоти се обидел да го предомисли Де Лаурентис, постојано му повторувал едно прашање

Искусниот италијански фудбалски стратег се поврзува со клупата на Арсенал, таму привремено решение за таа позиција Љунберг, меѓутоа извесно е дека Швеѓанецот ќе остане на клупата на „Топчиите“ краток период.

Италија

Довчерашниот тренер на италијанскиот вицепрвак Наполи, Карло Анчелоти се обидел да го убеди првиот човек на тој клуб, Аурелио Де Лаурентис да остане на клупата на тимот од Неапол, известуваат во Италија.

Џенаро Гатузо е нов шеф на стручниот штаб на Наполи и токму тој го наследи Анчелоти на таа позиција, а таквиот епилог дојде по турбулентниот период на Наполи, особено по скандалот со одбивањето на фудбалерите да ја почитуваат одлуката за карантин, за што поддршка добија и од Анчелоти, а Де Лаурентис беше револтиран на тоа.

„Ил Матино“ тврди дека Анчелоти се обидел да го убеди Де Лаурентис да го промени своето мислење во текот на последните денови на клупата на Наполи, а постојано му го поставувал прашањето „Дали си сигурен?“.

Меѓутоа, одлуката веќе беше донесена, а Де Лаурентис не сакаше назад, со оглед на очајните резултати на Наполи изминатиов период, а сигурно ќе претстои полни раце работа за Гатузо , тој ќе дебитира викендов на пресметката со Парма.

Што се однесува до Анчелоти, искусниот италијански фудбалски стратег се поврзува со клупата на Арсенал, таму привремено решение е поранешниот фудбалер на „Топчиите“, Фреди Љунберг, но, извесно е дека ќе остане на таа позиција краток период.