24фудбал

Нагелсман за средбата со Халанд: Му ја пренесов мојата идеја во фудбалот

Се верува дека сензационалниот 19 годишен напаѓач е достапен за заинтересираните клубови за неговите услуги за 20 милиони евра, а Лајпциг е убедлив во своите намери да го ангажира.

Германија

Младиот тренер на Лајпциг, неверојатниот Јулијан Нагелсман потврди дека лично имал средба со напаѓачот на Салцбург, Ерлинг Халанд кој е доста посакуван на европскиот трансфер пазар.

Нагелсман потврди дека имал средба со напаѓачот и неговиот агент за да разговараат за потенцијален трансфер на Халанд во германскиот Бундеслигаш.

Се обидов да му објаснам на добар англиски за тоа која е мојата идеја во фудбалот, мислам дека средбата помина доста добро“ рече Нагелсман во изјавата за „Кикер“.

Можете да кажете сосема малку од тоа што го имате да го кажете во такви конверзации, бидејќи тие обично се премногу настроени кон една страна, можете да кажете премногу како тренер, додека пак, агентот и фудбалерот вообичаено слушаат внимателно“ додаде тој.

За Халанд, кој сезонава на 22 натпревари постигна 28 погодоци, постои интерес и од Борусија Дортмунд, а токму „Милионерите“ се противник на Лајпциг во Бундеслигата идниот викенд.