24фудбал

Лавеци стави крај на својата кариера

Лавеци одигра 74 натпревари за Хебеи Фортјун, каде успеа да запише 35 погодоци на своето конто, тој и официјално стави точка на активното играње фудбал, тоа го стори на 34 годишна возраст.

Останато

Аргентинскиот напаѓач Езекуел Лавеци денеска потврди дека се повлекува од активното играње фудбал, таква одлука донесе на 34 годишна возраст, завршувајќи, како што и самиот вели неверојатна фаза од животот која му била укажана.

Лавеци одигра 51 натпревар во дресот на националниот состав на Аргентина, а беше во стартната постава на „Гаучосите“ во финалето од Светското првенство во 2014. година кое се одржа во Германија.

Аргентинецот играше пет сезони во Наполи, како и исто толку во дресот на ПСЖ пред да се пресели во Хебеи Фортјун во Кина, каде беше најплатениот фудбалер во светот, во моментот кога пристигна во таа екипа.

Последниот настап Лавеци го забележа на 27 ноември постигнувајќи гол во поразот на неговата екипа од шампионот Евергранде, по мечот не криеше дека размислва за пензија.