24фудбал

Албанска мафија му се заканила на фудбалер на Монца: Морате да изгубите, ако не ќе ве убиеме

Полицијата во Италија отворила истрага против лица кои се претставиле како албанска мафија и му се заканиле на фудбалер на Монца дека ќе ги убијат доколку не загубат од Јувентус У23 во натпревар од Серија Ц.

Италија

Италијанските медиуми пренесуваат дека играч на Монца добил порака на својот мобилен телефон со смртни закани во случај Монца да не го загуби мечот против Јувентус У23 бидејќи тие уплатиле многу пари на победа на противникот.

Те имаме на нишан, мене ми ја доверија задачата, те предупредувам, мора да го загубите натпреварот, ја знаеме вашата адреса и се за вас... се обложивме на 250.000 евра... има Албанци и Калабријци кои ви ја предупредуваат целата одбрана дека мора да загубите 1000% во спротивно доколку случајно го пропуштите мечот можете да се сметате за мртов човек кој оди, а ако го пријавите случајот ќе ве снајде уште полошо, ќе бидете заклани“, стоело во пораката која ја добил фудбалерот.

Фудбалерот веднаш ја проследил пораката до раководството на Монца кои веднаш ја информирале полицијата во Алесандрија. Момчето веднаш добило телохранители, а полицијата ја почнала истрагата.

Се истражуваат и други слични случаи, според „Спортмедиасет“ закани добиле и фудбалери за натпреварот меѓу Про Верчели и Витербезе.