24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Застрашувачко трио во нападот кое има противници по мерка ова коло

Претстојниов викенд не очекуваат нови возбудувања во англиската Премиерлига, за натпреварувачите во „Фантази Премиерлигата“ тоа е битка по нови бодови во големата конкуренција која брои над седум милиони натпреварувачи ширум сиот свет.

Останато

Најновата анализа која ви ја презентираме ќе биде и шанса за поправен од наша страна, со оглед на тоа што потфрливме во претходното коло, каде нашиот предлог-состав освои скромни 48 бода, во коло каде просекот на освоени бодови беше 54, сепак, најголем проблем веројатно беше неиграњето на Садио Мане во убедливата победа на Ливерпул кај Борнмут, тактичка одлука на Јирген Клоп која никој не би требало да ја оспорува, бидејќи на крајот се памети победата на тимот.

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Астон Вила е „тврд орев“, на Варди му е потребна помошта од Барнс

Најнапред започнуваме со графички приказ кој воедно е овозможен на официјалниот сајт на „Премиерлигата“, а таму ѕвездата на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд кој игра во животна форма е најкупуваниот фудбалер за претстојното коло. По Рашфорд, следи Сон од Тотнем, а водечката петорка ја комплетираат Кели од Кристал Палас, Абрахам од Челси, како и Али од Тотнем.

Воопшто не изненадува тоа што Рашфорд на големо ја освои довербата кај натпреварувачите во таква голема бројка натпреварувачи, ако се земе во предвид неговата форма со која Манчестер јунајтед има бенефит.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Што се однесува пак до онаа статистика која е негативна за фудбалерите, секако, и за натпреварувачите, Кевин Де Брујне е лидер кај фудбалерите кои се најпродавани за претстојното коло, односно токму од Белгиецот најмногу се ослободуваат натпреварувачите. Сосема логичен епилог по неколкуте скромни изданија од „кралот на асистенциите“ кој пред три кола запиша 10 бодови на своето конто, но, ако се земе генерално за последните десет кола, бројката е и повеќе од скромна.


Како вовед во нашата селекција, односно избор на фудбалери, ќе наведеме само дека 17 коло од Премиерлигата започнува со утрешниот дуел помеѓу Ливерпул и Ватфорд кој се игра со почеток од 13,30 часот. Ќе имаме голем избор во таборот на „Редсите“, кои ќе ги одмерат силите со последно пласираната екипа во Премиерлигата во моментов, а не е исклучена можноста Клоп да ротира за мечот на „Енфилд Роуд“, иако веројатно не би било паметна идеја да се потценува било кој противник во најсилниот фудбалски шампионат на Островот.

Во истиот ден имаме голем избор и во Лестер, кој игра фантастично, а „Лисиците“ на домашен терен го пречекуваат Норич, претпоследната екипа на табелата, која воедно има втор најслаб учинок по едно доста клучно прашање во пресрет на дуелот со фаворитот, а тоа се 34-те примени погодоци во сопствената мрежа, втор најслаб учинок помеѓу екипите во моментов по Саутемптон.

Тука е секако и дуелот на Челси против „разнишаниот“ состав на Борнмут, сигурно дека кај натпреварувачите се буди големи амбиции за селектирање на неколку ѕвезди на „Сините“ од Лондон за оваа пресметка во која тимот на Френк Лампард е во голема мера фаворит.

Воведното издание пред селектирањето го завршуваме со дуелот помеѓу Манчестер јунајтед и Евертон, домаќинот игра одлично, а за тоа најголема улога има Маркус Рашфорд кој игра во животна форма, меѓутоа, наша препорака е внимателно да го проследите овој меч, со оглед на мотивираниот состав на „Карамелите“ кои претходно славеа против Челси на домашен терен.

Дерби на 17 коло во Премиерлигата е дуелот помеѓу Арсенал и Манчестер Сити, пресметката во Лондон се игра во недела со почеток од 17,30 часот.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Веројатно многумина би го селектирале Алисон на голманската позиција, како нешто „сигурно“ на таа позиција, нешто што би донел „клин шит“, односно бодови од меч без примен гол, меѓутоа ние имаме друга препорака и ќе образложиме зошто.

Ние би ви го препорачале Кепа Аризабалага (5.5) од Челси, кој со својата екипа на домашен терен го пречекува Борнмут кој бележи катастрофална низа зад себе. Противникот се соочува со сериозни проблеми, а веќе на Островот шпекулираат дека Еди Хау е пред отказ.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Што се однесува пак до одбраната, таму ќе селектираме тројца, а ќе започнеме со дуото од Ливерпул, Трент Александер-Арнолд (7.3), односно Ендру Робертсон (7.1), од причина што освен меч без примен гол, дуото бекови кои имаат голема улога и во нападите на својот тим, би можеле да запишат асистенција, а зошто да не и погодок во мрежата на противникот.

Триото во нападот ќе го комплетираме со Рикардо Переира (6.5) од Лестер, Португалецот бележи одлична форма зад себе оваа сезона, а сигурно често ќе го гледаме на противничката половина во дуелот со Норич кој ја има втората најслаба одбрана во моментов во Премиерлигата по Саутемптон.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Многумина велат дека Мохамед Салах (12.2) се враќа во својот препознатлив ритам, а дека е така, нема поубава можност Египјанецот тоа да го потврди против противник како што е Ватфорд, па токму на Салах ќе му укажеме предност во однос на неговиот соиграч од Ливерпул, Садио Мане, кој од поодамна го стави во сенка, за што сведочи и статистиката за тоа колку натпреварувачи го имаат Мане (42.8%), односно колку Салах (21.8%).

Кристијан Пулишиќ (7.4) од Челси веќе бележи низа од цели четири кола без никаков позначаен ефект на натпреварите, последен пат запиша осум бода на своето конто во дуелот со Кристал Палас на домашен терен, каде постигна еден од двата погодоци во победата на својот тим.

Претходното коло конечно се одлучивме да му укажеме доверба на Деле Али (8.7) од Тотнем, и секако дека не жалиме воопшто за тоа, со оглед на фактот што англискиот репрезентативец се препороди по доаѓањето на Жозе Мурињо, па гостувањето кај незгодниот Вулверхемптон ќе биде нова можност за него.

Средниот ред го комплетираме со Ентони Марсијал (7.6) од Манчестер јунајтед, кој постигна еден од двата погодоци за својата екипа во победата на гости кај градскиот ривал Манчестер Сити, со тоа што Французинот запиша фантастични десет бода на своето конто. Неколку пати објаснувавме која е најголемата причина зошто го селектираме Марсијал, а нема да биде лошо да повториме.

Всушност, во една од најновите анализи на сајтот на „Фантази Премиерлигата“, од таму наведоа дека во моментов само 6.1% од натпреварувачите го имаат Марсијал во својот тим, на социјалните мрежи ги запрашаа останатите дали е време да го вметнат во својот тим.

Освен што станува збор за квалитетен фудбалер, причина плус, веројатно и главната причина да го селектирате е фактот што на играта тој се води како фудбалер од среден ред, меѓутоа во реалноста настапува како напаѓач, што е голема можност за повеќе бодови од евентуален негов гол.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Ова коло решивме да составиме речиси еден „дрим-тим“, составен од најдоброто во моментов што може да се селектира, па така триото во нападот ќе го сочинуваат напаѓачи кои се во водечката четворка на освоени бодови кај напаѓачите досега.

Веројатно ризик е за секој натпреварувач да го нема Џејми Варди (10.1) од Лестер за секоја рунда натпревари, така ќе биде и викендов секако, со оглед на тоа што неверојатниот напаѓач пред себе ќе има одбрана која за многумина е „швајцарско сирење“ за противниците, а за тим како Лестер, не е ништо чудно да проследиме голеада на „Кинг Пауер“ арената.

Во нашите планови секако влегува и Тами Абрахам (7.9) од Челси, кој пред себе ќе има екипа која е индиспонирана изминативе неколку кола, станува збор за катастрофална низа на гостите кои веројатно ги чека „пекол“ на гостувањето кај фаворитот.

Триото во нападот, а воедно и целата селекција ја комплетираме со фантастичниот Маркус Рашфорд (8.9) од Манчестер јунајтед, кој беше „алфа и омега“ за составот на Оле Гунар Солшер во одличната победа на гости кај градскиот ривал Манчестер Сити, а токму Рашфорд и Марсијал беа стрелци на обата погодоци за „Црвените ѓаволи“. Едно мало предупредување, барем според нашите очекувања, Евертон сигурно ќе биде „тврд орев“ за Манчестер јунајтед и ќе пружи голем отпор на гостувањето на „Олд Трафорд“, а тоа би било дополнителна мотивација за Рашфорд да пружи максимум од своите можности.


Предлог-состав: КЕПА (5.5); АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД (7.3), РОБЕРТСОН (7.1), ПЕРЕИРА (6.5); САЛАХ (12.2), ПУЛИШИЌ (7.4), АЛИ (8.7), МАРСИЈАЛ (7.6); ВАРДИ (10.1), АБРАХАМ (7.9), РАШФОРД (8.9)


Капитен: ВАРДИ

Заменик-капитен: Абрахам

 

Традиционално анализата ја завршуваме со осврт на случувањата во генералната лига на „Македонија“, како и лигата на „24фудбал“.

Во генералниот пласман во лигата на „Македонија“ лидер е Александар Неделнковски кој досега освои 1019 бода, имате можност да се запознаете со неговиот избор.


Што се однесува пак до табелата во лигата на „24фудбал“, таму лидер е Игор Премуш со досега освоени 983 бода, имате прилика да го проследите и неговиот избор.


За крај, среќно до сите натпреварувачи ова коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“, кодот е следен: ah7lqe