24фудбал

Неуморниот Милнер на петок 13-ти потпиша нов договор со Ливерпул

За него велат дека е како виното, како старее, така е се' подобар и подобар, што јасно се гледа во неговите настапи во дресот на Ливерпул, Јирген Клоп секако има добра причина за ваквиот потег на клубот.

Англија

33 годишниот Џејмс Милнер кој во Ливерпул направи трансфер како слободен агент од Манчестер Сити во 2015. година, потпиша нов договор со „Редсите“ со важност до 2022. година, искусниот Англичанец потписот го стави на петок 13-ти, односно денеска.

Фудбалерот од средниот ред кој често Јирген Клоп го ротира по потреба досега успеа да запише 198 настапи за европскиот првак, а доколку го одработи целосно својот договор би останал до клубот до својата 36 годишна возраст.

Милнер во своите настапи за Ливерпул успеа да постигне 25 погодоци, а „седмицата“ во тимот од „Енфилд Роуд“ верува дека останува уште многу што може да постигне во дресот на европскиот првак.

Се чувствувам среќен и привилегиран да играм за овој клуб пет ипол години, поминав неверојатни моменти тука, гледам дека клубот се менува и развива во голема мера, уживам во тренинзите секојдневно, работам исто како и сите останати, имавме разговори одреден период и донесовме одлука дека ова е најидеалното за мене“ рече Милнер.