24фудбал

Бербатов: Гвардиола очајно посакува да ја освои Лигата на шампионите со Сити, но...

Димитар Бербатов смета дека Пеп Гвардиола многу тешко ќе може да ја освои Лигата на шампионите оваа сезона бидејќи Манчестер Сити не покажа ништо досега.

Лига на Шампиони

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Димитар Бербатов зборува за шансите на екипите да ја освојат Лигата на шампионите.

„Сити ја заврши групната фаза со победа над Динамо Загреб од 4-1, но не бевме импресионирани од нивните резултати досега, бидејќи тие не надиграа ниту еден противник кој е на нивно ниво“, вели Бербатов.

„Пеп Гвардиола очајно посакува да ја освои Лигата на шампионите со Сити но други тимови играат подобар фудбал“.

„Ливерпул не игра на најдоброто ниво во Лигата на шампионите оваа сезона досега но играат брилијантно во Премиерлигата, и како бранители на трофејот знаат да ја темпираат формата за нокаут фазата“.

„Барселона и Јувентус исто така се сериозни кандидати а не треба да се отпиште ниту Тотнем“.

„Тотнем нема причина да стравува при ждрепката во понеделник. Во Жозе Мурињо тие имаат тренер кој освојува трофеи низ својата кариера вклучувајќи ја и Лигата на шампионите со Порто и Интер, два тима за кои малку луѓе ќе кажеа дека можат да освојат“.

„Па не е важно со кој ќе се соочат. Тие имаат одличен квалитет и по пласманот во финалето минатата сезона треба да чувствуваат верба во себе“.


БетАдриа викенд типови: Валенсија и Реал Мадрид постигнале 50 голови на последните 13 меча