24фудбал

Ова ретко се гледа, од Мадрид порачуваат: Барса беше оштетена, мораше да има пенал (ВИДЕО)

Мечот помеѓу Реал Сосиедад и Барселона заврши со контроверзија, Жерард Пике бараше пенал откако беше соборен во противничкиот шеснаесетник но судијата само одмавна со рацете а не се огласини ниту ВАР.

Шпанија

Барселона се враќа само со бод од гостувањето на Аноета. Реал Сосиедад поведе од пенал, потоа гостите го свртеа резултатот во своја корист со погодоците на Гризман и Суарез, за Исак да изедначи на 2-2.

Но резултатот можеше да биде поинаков откако во завршните мигови од мечот и еден од последните напади на натпреварот, Жерард Пике беше соборен во противничкиот шеснаесетник. Сепак, судијата само одмавна со рацете а не се огласи ниту ВАР.

Ваквиот развој на настаните ги разгневи „каталонците“ кои жестоко протестираат и сметаат дека се оштетени. На нивна страна се дури и весниците од Мадрид, АС и Марка во своите анализи и во разговорите со експертите посочуваат дека морало да има пенал за стартот над Пике, особено поради критериумот кој го наметнал судијата и досудената најстрога казна во корист на Реал Сосиедад во првото полувреме.

„Од повторените снимки се гледа стартот на Љоренте врз Пике. Ова мораше да се занкционира со пенал. Чим судијата досуди пенал за Реал Сосиедад во првиот дел, мораше да покаже на белата точка и во корист на Барса“ – анализира Андухар Оливер за Марка.

Сличен е и ставот на Итуралде Гонзалез, кој за АС вели: „Судијата можеби не ја виде најдобро ситуацијата, но мораа да се огласат од ВАР собата. Кога веќе го досуди пеналот за Реал Сосиедад, од ВАР собата мораа да го предупредад дека не ја видел добро ситуацијата и дека треба да ги прегледа повторените снимки“.

Пеналот за Реал Сосиедад со кој домаќините поведоа: