24фудбал

Куртоа мораше да дојде во напад за Реал да погоди, „кралевите“ избегнаа пораз во 95. минута (ВИДЕО)

Валенсија и Реал Мадрид ги поделија бодовите, домаќините беа на чекор до победа но Карим Бензема погоди во послендиот напад на мечот откако во противничкиот шеснаесетник се појави и Тибо Куртоа.

Шпанија

Нема промени на врвот на табелата во Ла Лига откако во последниот натпревар од 17. коло, Валенсија и Реал Мадрид одиграа 1-1. 

Дербито на Местаља донесе драматична завршница. Домаќините поведоа со голот на Солер во 78. минута, но „кралевите“ изедначија во 95. минута.

Во последниот напад на мечот, дури и Тибо Куртоа истрча во противничкиот шеснаесетник и ваквиот потег се покажа како клучен. Белгиецот скокна највиско и биеше со глава, неговиот удар беше одбранет, но настана мешаница и Бензема ја смести топката во мрежата за реми.