24фудбал

Клоп со порака до Симеоне и чудно барање до Атлетико за враќањето на местото на „злосторот“

Јирген Клоп насетувал дека Ливерпул за противник ќе го добие Реал или Атлетико, вели дека гостувањето во Мадрид им ги враќа спомените од триумфот во Лигата на шампионите и очекува тежол дуел.

Лига на Шампиони

„Црвените“ во јуни стигнаа до шестата титула во Лигата на шампионите по триумфот над Тотнем со 2-0 на Ванда Метрополитано. Ливерпул сега одново ќе се појави на овој стадион откако ждрепката за осминафиналето ги спои со Атлетико Мадрид.

„Интересна ждрепка, насетував дека за противник ќе добиеме тим од Мадрид, или Атлетико или Реал, и токму тоа се случи. Враќањето на Ванда ќе биде специјално, мислем дека ја имавме домашната соблекувална за дуелот со Тотнем, па би можеле да побараме и сега да бидеме во таа соблекувална! Една од најголемите денови во мојот живот го имав на овој стадион, беше навистина убаво, секаде имаше слики и постери од Ливерпул, но сигурно ги имаат тргнато“ – вели Јирген Клоп.

„Од Мадрид имаме само фантастични спомени, но сега ќе играме против Атлетико и тоа на нивниот стадион пред нивна публика. Ќе биде тежок натпревар, два тима кои се навикнати да играат со голем интензитет. Можеби стиловите се различни, организацијата на играта е различна, но двата тима се подготвени за голем интензитет и затоа ќе биде тешко“.

„Сигурен сум дека истото го мисли и Симеоне, убеден сум дека не скокал од радост кога видел дека за противник го има Ливерпул“.