24фудбал

Нејмар: Само неколку луѓе го знаат вистинскиот Нејмар

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар вели дека само неколку луѓе знаат каков е тој навистина, оние кои го гледаат како фудбалер не знаат ништо за него.

Франција

Во интервју за „Франс фудбал“, Нејмар зборува за повеќе работи, меѓу кои и за неговата врска со фамилијата и пријателите.

„Вистинскиот Нејмар го знаат неколку луѓе Само моите родители и пријателите. Тоа што другите луѓе го гледаат е комплетно различно. И на крајот тие гледаат многу малку. Вистинскиот Нејмар е мирољубив и многу среќен. Тој сака да биде со фамилијата и пријателите“, вели Нејмар.

Тој вели дека никогаш не играл за да биде број еден, тоа го прави бидејќи го сака фудбалот.

„Никогаш не сум играл за да бидам број еден. Играм само затоа дека го сакам фудбалот. Се чувствувам среќен кога играм. И секогаш кога сум на теренот давам максимум“.