24фудбал

Нејмар: Зошто би сакал да си заминам од ПСЖ?

Бразилецот се чини дека ги промени своите ставови во однос на иднината во дресот на ПСЖ, претходно јасни беа неговите намери дека посакува да си замине од француската престолнина, меѓутоа извесно е дека во ПСЖ добро реагирале да го убедат да ги промени своите ставови.

Франција

Првата ѕвезда на францускиот првак ПСЖ, Нејмар тврди дека е среќен во тимот од Париз, а Бразилецот сево ова го вели само неколку месеци откако притискаше да си замине од таа екипа, Реал Мадрид и Барселона беа двете најсериозни опции за него, но, се чини дека сега работите се променети.

27 годишниот офанзивец претходно призна дека размислувал да си замине од ПСЖ, одреден период добиваше и свирежи од навивачите на клубот, меѓутоа откако се врати на терените, тоа го стори на најдобар можен начин, запишувајќи девет погодоци, како и пет асистенции во 11 настапи во сите конкуренции.

Зошто би сакал да си заминам? Имам уште две години од мојот договор, тимот и натаму продолжува да се развива“ вели тој во интервјуто за „Франс Фудбал“.

Ние мораме да останеме фокусирани на актуелната сезона, да ги оствариме целите кои клубот ги има поставено и да освоиме сешто би можеле да освоиме“ додава Бразилецот.

Оваа сезона, целта е Лигата на шампионите, а мојот приоритет е ПСЖ, со максимална посветеност секоја седмица, главната цел е секогаш да се добие мечот кој е на распоредот“ посочи првата ѕвезда на францускиот првак.