24фудбал

Ванда Нара: Јас сум за секс пред натпревар, но Икарди е професионалец и не сака ништо пред да игра

Ванда Нара открива детали од спалната, вели дека таа е за секс пред натпревар, но Мауро Икарди преферира да нема ништо пред мечевите и да ја чува силата за терените.

Франција

Контроверзната Ванда Нара имаше интервју за емисијата ЦР4 Република дела Доне, говореше на многу теми а доби и незгодно прашање, односно што мисли за изјавата на Антонио Конте кој откри какви совети им дава на играчите околу сексуалниот живот.

„Ги советувам моите играчи дека сексуалниот однос не треба да трае долго и да вложат минимален напор за да се потроши што е можно помалку сила. Тоа значи дека треба да практикуваат положби во кои тие се под партнерката. Исто така, препорачливо е тоа да го прават со нивните сопруги и декојки бидејќи доколку го прават со други, па, тоа бара повеќе акција“ – е изјавата на новиот тренер на Интер од минатиот месец која крена голема прашина.

„Не знам што да кажам на оваа изјава... јас сум за секс пред натпревар. Но Муаро Икарди е голем професионалец и не сака ништо пред да игра. Може секс по натпревар но само доколку одигра добро... доколку натпреварот е лош, не сака ни да ме види“ – вели сопругата на Аргентинецот, која исто така е и негов агент.