24фудбал

Мбапе: Јас давам два гола, Меси три... јас давам три, тој четири... Не е можно, па зар намерно го прави ова?

Килијан Мбапе вели дека морал да разговара со Осман Дембеле и да праша дали Лео Меси внимава на него откако Аргентинецот го претекна во борбата за најдобар стрелец во Европа и наградата „Златна копачка“.

Франција

Фудбалерот на ПСЖ седна на интервју со Франс Фудбал откако беше прогласен за најдобар француски фудбалер во 2019.

Килијан Мбапе откри дека морал да разговара со Осман Дембеле бидејќи не можел да поверува што прави Лео Меси. Двајцата беа инволвирани во трката за најдобар стрелец во Европа и наградата „Златна копачка“ која на крајот му припадна на Аргентинецот со 36 погодока наспроти 33 на фудбалерот на ПСЖ.

„Кон крајот на минатата сезона, наместо да кулирам и мирно да го чекам финишот, решив да се надминам себеси. Забелажав дека можам до трофејот за најдобар стрелец во Европа. Но за противник го имав Меси. Јас давам два гола, тој три. Јас давам три, тој четири! Беше толку лудo што морав да му се јавам на Осман Дембеле. Го прашав, „Не е можно, па зар намерно го прави ова? Дали гледа колку погодоци постигнувам јас?“ Ми рече, „Секако дека те следи“. Па си помислив, „Браво, Меси внимава на мене...“ Поласкан сум што таков играч е свесен за она што го правам“ – раскажува Килијан Мбапе.