24фудбал

Казна за Црвена звезда поради прекршување на финансискиот фер-плеј

Европската куќа на фудбалот парично ја казни Црвена звезда поради непочитувањето на правилата за финансискиот фер-плеј.

Останато

Црвена звезда, Олимпија од Љубљана и казакстанскиот Ордабаси добија казни од УЕФА поради непочитување на финансискиот фер-плеј.

Казните за сите клубови се поради тоа што не успеале навреме да ги исплатат заостанатите долгови.

Црвена звезда помина најлесно, ќе плати 50.000 евра. Тие ги имаат исплатено долговите, но по договорениот рок.

Казната на Олимпија Љубљана е 75.000 евра.

Најлошо помина Ордабаси кој покрај тоа што треба да плати 100.000 евра, може да биде исфрлен од натпреварувањата на УЕФА во наредните две години доколку до 31. јануари не докаже дека ги исплатил заостанатите долгови кои се направени заклчно со септември оваа година.