24фудбал

Емери е една од опциите на Монако за наследник на Жардим

Речиси сигурно е дека ќе има промени на тренерското столче во Монако, таму Жардим веќе подолг период ја гледа излезната врата од клубот.

Франција

Францускиот прволигаш Монако е во потрага по наследник на Леонардо Жартим, откако на португалскиот фудбалски стратег веќе подолг период  му е „разнишано“ столчето, особено по лошиот старт во новата сезона.

Ништо не се промени ниту по подобрувањето на формата на Монако, односно трите победи, како и по едно реми и пораз во последните пет меча на клубот по прашањето на Жартим, па така „Ле10Спорт“ известува дека Монако има три опции за нов тренер.

Унаи Емери се споменува како еден од кандидатите за клупата на Монако, сепак, поранешниот тренер на Севиља и Валенсија, како и ПСЖ ќе има добра конкуренција за таа позиција во францускиот прволигаш.

Горе наведениот медиум истовремено додава дека во Монако размислуваат и за поранешниот тренер на Валенсија, Марселињо, како и екс селекторот на Франција и бивш тренер на ПСЖ, Лоран Блан.

Што се однесува пак до Емери, кој доби отказ во Арсенал, нему му е добро познат францускиот терен, по претходното менаџирање на  ПСЖ.