24фудбал

Ванда Нара отворено за аферата со Брозовиќ, дали била неверна на Икарди, кога имала прв пат секс...

Ванда Нара имаше ново провокативно интервју, говореше за наводната афера со Марсело Брозовиќ, дали го изневерила Мауро Икарди и кога прв пат имала секс.

Останато

Светот на фудбалот ја запозна Ванда Нара како дејвоката која ги раскара двајцата пријатели и соиграчи од Сампдорија, Макси Лопез и Мауро Икарди. Во 2013 таа го прекина бракот со Макси Лопез, со кого има три деца, и потоа заспочна врска и се омажи со Мауро Икарди.

Таа сега е дел од фудбалот како агент на Муаро Икарди, и често добива критики за начинот на кој се грижи за карирата на напаѓачот. Се говореше дека Ванда Нара е причината за одлуката на Интер да му ја одземе капитенската лента на Аргентинецот, потег кој направи јаз кој никогаш не беше надминат и играчот минатото лето го напушти клубот и се пресели на позајмица во Париз.

„Велат дека ќе му ја уништам кариерата на мојот сопруг, но тоа не е точно“ – вели Ванда Нара во интевју за емисијата Ле Јене.

Кога настанаа проблемите помеѓу Интер и Мауро Икарди, имаше гласини дека Ванда Нара спиела со Марсело Брозовиќ.

„Ми пречеше тоа што измислија љубовна приказна со соиграч на мојот сопруг, јас никогаш се немам сретнато со таа личност“.

Таа објасни дека била неверна, но никогаш не му набила рогови на Муаро Икарди: „Ми ги знае сите лозинки. Сигурна сум дека и тој не ме изневерил, од време на време знам тајно да му прочепкам по телефонот и немам најдено ништо“.

За тоа колку е важен сексот (од 1 до 10), таа вели 10, открива дека прв пат имала секс на 18 години, во животот имала 3-4 партнери и никој не потфрлил со неа во кревет.