24фудбал

Саутгејт уште сега се подготвува за СП2022: Секое утро кога ќе се разбудам...

Во Англија има голема конкуренција во однос на претстојното Европско првенство и „кроењето“ на конечниот список кое ќе го стори селекторот Саутгејт, кој сигурно ќе биде на мака по тоа прашање поради големиот избор.

Останато

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт признава дека уште сега го планира настапот на „Гордиот албион“ на Светското првенство кое во 2022. година е предвидено да се одржи во Катар, и покрај тоа што има уште три години до тој настан.

Се чини дека Саутгејт полека но сигурно го склопува мозаикот за претстојното Европско првенство идната година, меѓутоа признава дека дилемите околу селектирањето, за кое има голема конкуренција секако, му создава главоболка.

Ние ќе се забавуваме на улиците одреден период, нели? Јас сакам на сите да им донесам среќа и задоволство, а во однос на селектирањето, сите имаат соништа, не можам никого да спречам во тоа, а дел од мојата работа се однесува и на креирање на тие соништа“ вели Саутгејт.

Сепак, морам да се соочам со реалноста и да дојдеме до точка каде би можеле да ги оствариме нашите очекувања, иако не би имале натпревари неколку месеци, како тим, или стручен штаб, ние го планираме секој детал во однос на Европското првенство“ додава тој.

Ние истовремено размислуваме и кроиме планови за Светското првенство во Катар во 2022. година, секое утро кога ќе се разбудам си ја поставувам мислата во себе доколку утре би морал да го одредам конечниот список, каков ли би бил? “ наведува Саутгејт.

Никогаш не завршува потрагата по перфекција, и покрај тоа што сите знаеме дека перфекција не постои“ заклучи селекторот на „Гордиот Албион“ кој добива големи пофалби за резултатите на селекцијата под негово кормило.