24фудбал

„Страдав, плачев, се смеев и на крај се опијанив, тоа беше специјален ден“ – Кристијано Роналдо ја одбра најдрагата титула

Кристијано Роналдо во интервју за ДАЗН откри дека триумфот со Португалија на Европското првенство во 2016 му е најдрага титула во кариерата, вели дека во финалето страдарал, плачел, се смеел и на крајот се опијанил.

Останато

ЦР7 има освоено еден куп трофеи, тој е првиот играч кој станал шампион во Премиерлигата, Ла Лига и Серија А. Триумфираше во Лигата на шампионите и со Манчестер јунајтед и со Реал Мадрид, но еден успех е најважен, триумфот со Португалија на Европското првенство во 2016.

Финалето започна кошмарно за Кристијано Роналдо, напаѓачот се повреди на стартот од мечот и мораше од клупата да дели совети и да ги бодри своите соиграчи наместо да командува на теренот.

„Титулата од Европското првенство со Португалија ми е најдрагиот трофеј кој го имам освоено. Тоа беше неверојатна и незаборавна вечер. Страдав, плачев, се смеев и на крај се опијанив! Плачев толку многу што дехидрирав. Кога прославувавме, се напив една чаша шампањ и веднаш ме удри во глава. Ретко пијам, но тој ден беше толку многу специјален што морав да пијам, го освоив најважниот трофеј“ – вели Кристијано Роналдо во инервјуто со Дилета Леота за ДАЗН.