24фудбал

Вакво тролање ретко се гледа, напаѓачот на Порт Вејл со урнебесно „извинување“ за Џон Стоунс (ФОТО)

Напаѓачот на Порт Вејл, Том Поуп е во центарот на вниманието на англиската јавност, тој пред шест месеци добро го истрола Џон Стоунс, денеска покажа дека не зборувал на празно, а шлагот на тортата беше „извинувањето“ кое го испрати вечерва.

Англија

По поразот на Англија од Холандија во полуфиналето на завршницата од Лига на нации во јуни месец минатата година, Том Поуп ги запали социјалните мрежи со еден пост на Твитер.

„Само што ги гледав најинтересните моменти од натпреварот на Англија! Знам дека играм во Лига 2, знам дека тој игра за Англија, знам дека заработува 150.000 фунти неделно, знам дека е милион пати подобар од мене, но би сакал секој викенд да играм против Џон Стоунс! Ќе постигнам 40 гола во сезона“ – напиша напаѓачот на Порт Вејл и предизвика бурни реакции.

Судбината како да замеша прсти, па Том Попу шест месеци подоцна доби шанса да се испроба против Џон Стоунс, денеска Манчестер Сити се сретна со Порт Вејл во ФА Купот.

Напаѓачот покажа дека не зборувал на празно, ја затресе мрежата на „граѓаните“ пред крајот на првиот дел за 1-1 и на кратко донесе радост за четвртолигашот на Етихад.

Но шлагот на тортата беше „изинувањето“ кое играчот го испрати вечерва.

„Извинете што не можам да одговорам на сите, лудница е! Сакам само да кажам дека целосно погрешив и коментарите дека ќе постигнам 40 гола во сезона не ми беа на место... би рекол 50 гола е подобра проценка! Пријатен викенд на сите“ – гласеше новиот пост на Твитер