24фудбал

Црвена звезда го продаде Марко Марин

Црвена звезда одлучи да го продаде капитенот Марко Марин на Ал Ахли од Саудиска Арабија.

Останато

Марко Марин веќе не е член на Црвена звезда, во новата година славниот српски клуб ќе добие нов капитен.

Ал Ахли од Саудиска Арабија е новиот клуб на Марин, тој за две и пол сезони ќе заработи 5 милиони долари. А Црвена звезда ќе добие 2 милиони долари за продажбата.

Трансферот на Марин одекна како бомба во Србија, бидејќи никој не очекуваше дека црвено-белите ќе го продадат својот најдобар фудбалер.