24фудбал

Фанови на Малме ја урнаа статуата на Златан Ибрахимовиќ (ФОТО)

Ноќеска настрада статуата во Малме на Златан Ибрахимовиќ, вандалски чин на навивачите од овој шведски град.

Останато

Голем број од фановите на Малме се разочараа од одлуката на Ибрахимовиќ да стане косопственик на Хамарби.

Некои од нив разочараноста и огорченоста од потегот на Ибра ја искажуваа со оштетување на статуата во Малме која неодамна беше поставена.

Откако неколку пати ја оштетија, синоќа успееа и да ја урнат.