24фудбал

Лукаку откри што е клучно за успехот на Интер и кажа дека со Лаутаро се дружи и надвор од теренот

Интер игра фантастично во досегашниот дел од сезоната, го победи и Наполи на гостински терен, во моментов има ист број бодови со Јувентус но подобра гол разлика, Лукаку ја открива тајната за успехот.

Англија

Лукаку беше двоен стрелец во победата над Наполи, Интер на Сан Паоло прв пат по 22 година се радува на победа во меч од Серија А.

Лукаку и Мартинез формираа страшен тандем, но Белгиецот вели дека клучен за успехот е тренерот Конте, тој знае како да го извади максимумот од овој тим.

„Важно е да имате голем лидер како Антонио Конте на клупата, за вака млад состав клучно да имате некој со толку големо искуство“, вели Лукаку.

Тој ја откри и тајната за неговото одлично функционирање со Лаутаро Мартинез. Вели дека се дружат и надвор од теренот, па можеби тоа влијае и на игрите на теренот.

„Ние сме добри пријатели, правиме и многу работи надвор од теренот, и кога сме на теренот функционираме одлично. Навистина сум среќен со тоа како игравме во моментов, но можеме и уште подобро“.