24фудбал

Чурлинов потпишува за Штутгарт, веќе тренираше со новиот тим (ФОТО)

Македонскиот фудбалер, Дарко Чурлинов ќе стави потпис на нов договор со Штутгарт, утринава го одржа и првиот тренинг со своите нови соиграчи.

Германија

Штутгарт потврди дека остануваат да се финализираат уште неколку детали за трансферот на Чурлинов од Келн да биде комплетиран.

Фактот што Штутгарт го објави ова и потврди дека Чурлинов веќе тренира со тимот, значи дека се работи само за формалност и трансферот наскоро ќе биде официјализиран.

19-годишниот Чурлинов треба да биде засилување за Штутгарт кој сака брзо враќање во Бундеслигата, тие во моментов се на третото место во втората лига со ист број на бодови како и второпласираниот Хамбургер, пред нив е Арминија Билефилд со три бода повеќе.

Чурлинов со голем успех играше во младинскиот тим на Келн, но доби само 20 минути во Бундеслигата за првиот тим на овој клуб. Се очекува во Штутгарт да биде далеку постандарден иако е се уште млад.