24фудбал

Ванда Нара откри зошто редовно постира секси фотографии: Им го разубавувам денот на луѓето! (ФОТО)

Сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара откри зошто редовно постира секси фотографии на социјалните мрежи, атрактивната Аргентинка вели дека со ова им го разубавува денот на луѓето, особено во тешки моменти.

Италија

Ванда Нара веројатно е најекспонираната сопруга на фудбалер. Покрај тоа што се грижи за кариерата на Мауро Икарди, има ангажман како водител на фудбалската емисијата „Тики така“ а сега ќе стане и дел од новата сезона на италијанскиот ВИП Голем брат.

Знае да го привлече и вниманието на социјалните мрежи каде ретко кога има ден без да објави провокативни фотографии, да ги истакне своите атрибути и да собере неколку стотици илјади лајкови. Во разговор со Кориере дело спорт, таа сега открива зошто редовно постира секси фотки.

„Објавувам секси фотографии за да им го разубавувам денот на многу луѓе, особено во тешки моменти. Многумина ми го кажуваат ова во коментарите“ - вели Ванда Нара, која изминативе десетина дена имаше неколку објави од одморот на Малдивите.