24фудбал

Ветено сторено, Вајгл потпиша за Бенфика, еден навивач гол трчаше низ Лисабон! (ВИДЕО)

Навивач на Бенфика вети дека ако Џулијан Вајгл потпише за неговиот омилен клуб, тој ќе трча гол.

Останато

По појавувањето на гласините дека Џулијан Вајгл би можел да направи трансфер од Борусија Дортмунд во Бенфика, навивач на португалскиот клуб на твитер вети дека ако тоа се случи ќе трча еден километар гол низ Лисабон.

Шпекулацијата се оствари, Вајгл потпиша договор со Бенфика, а навивачот си го оствари ветеното, трчаше гол само со шал на тимот околу вратот.

Се викам Дуарте Мендез и како што знаете на 17 декември ветив дека ќе трчам гол ако Вајл дојде во Бенфика. Сега сум тука да го исполнам ветувањето. Бог простува, но Џулијан не“, изјави навивачот на Бенфика пред да почне да трча.

Видеото од трчањето можете да го погледнете ТУКА.

И самиот Вајгл на твитер му даде поддршка на навивачот кој поради него трчаше гол.