24фудбал

Дарко Ковачевиќ застрелан во Атина

Легендарниот српски напаѓач и доскорешен спортски директор на Фудбалската федерација на Србија, Дарко Ковачевиќ е застрелан во Грција и брзо пренесен во болница.

Останато

Поранешниот српски напаѓач, Дарко Ковачевиќ е застрелан во предградието Гилфада. Непознато лице пукало кон него, за среќа куршумите завршиле во неговата нога и тој е надвор од животна опасност.

Инцидентот се случил пред неговиот дом. Едно лице пукало кон него и веднаш избегало со автомобил.

Автомобилот брзо бил пронајден со пиштило во него.

Ковачевиќ ја потврди оваа инфромација.

„Видов човек како се доближува до мене. Инстиктивно се наведнав на десната страна, а тој пукаше во мене и веднаш избега со автомобилот“, изјави Ковачевиќ.