24фудбал

Причините за нападот врз Ковачевиќ не се од фудбалски карактер

Истрагата дополнителни ќе ги утврди причините за нападот врз Ковачевиќ, кој во моментов ја обавува функцијата прв човек на скаутинг-системот во Олимпијакос, како и технички советник за грчкиот клуб.

Останато

Поранешниот српски фудбалер и спортски директор во куќата на фудбалот во Србија, Дарко Ковачевиќ избегнал куршум при обидот за убиство врз него во Грција пред неговиот дом, а „спорт24.гр“ објави дека Србинот бил во болница поради повреда на коленото со која се здобил при падот.

„Лефимерида“ објавувајќи детали од истрагата, вели дека Ковачевиќ при влезот во својот автомобил, паркиран пред својот дом, изненадно му се приближил автомобил „Смарт“, прозорот се отворил, а кога го здогледал неговиот пиштол, Ковачевиќ веднаш почнал да бега.

Имајќи во предвид дека пукано е од совозачко место, полицијата се сомнева во тоа дека во прашање биле двајца напаѓачи, возач и оној кој пукал врз Србинот.

За среќа, состојбата на Ковачевиќ е вон животна опасност, тој веќе даде изјава за полициските службеници околу немилиот настан, а грчките медиуми тврдат дека причините за нападот над Србинот немаат никаква поврзаност со фудбалот, па истрагата оди во сосема друг правец.

Од полицијата сметаат дека нападот бил добро организиран, напаѓачите го прателе Ковачевиќ извесен период и само чекале вистински момент кога да го реализираат нападот врз него.

Дека се работи за добро организиран напад и обид за убиство, доволно говори и податокот што напаѓачите точно знаеле кога Србинот ќе излезе од својот дом, инаку, автомобилот во кој бил напаѓачот подоцна бил пронајден запален, а останува да се увиди кои се вистинските мотиви за нападот над Србинот.