24фудбал

Даци: Елмас ми е близок пријател, сакам да го надминам

Младиот фудбалер претходното лето стави потпис на договор со Коњаспор со важност до 2023. година, сезонава има статус на првотимец под кормилото на Коџаман, за кого вели дека е чест и задоволство да се соработува.

Македонија

Ердон Даци мина 12 години во подмладокот на Вардар, а во август 2017. година следеше и негов директен трансфер во турскиот Суперлигаш Коњаспор, таму најпрво почна со настапи за составот за фудбалери до 21 година, по што во новата сезона настапува во сениорска конкуренција за таа екипа.

21 годишниот фудбалер на Коњаспор, кој освен македонско, има и албанско државјанство, одговарајќи на прашања на „Хабертурк“ не ги криеше своите високи амбиции во кариерата, меѓу другото, тој наведе дека посакува и да го надмине Елиф Елмас, кој од Фенербахче направи трансфер во Наполи.

Елиф ми е близок пријател, ние сме соиграчи во националниот состав, станува збор за фудбалер кој работи макотрпно за да успее, инаку веќе е доста успешен, би сакал да го надминам“ вели Даци.

Во интервјуто за турскиот медиум, нашиот младински репрезентативец говори и за тоа дека се чувствува одлично под кормилото на Ајкут Коџаман во Коњаспор, каде игра клучна улога во нападот, откако сезонава со 13 настапи има статус на стандарден првотимец, а запиша и еден погодок зад своето име.