24фудбал

Ибрахимовиќ наредува, Пиоли исполнува: Милан ќе игра со нова формација против Каљари, на клупа ќе седнат Пјонтек и Сусо

Според пишувањата на Кориере дело Спорт, „росонерите“ ќе направат одредени промени за дуелот со Каљари, на барање на Златан Ибрахимовиќ ќе се игра со формација 4-3-1-2 а во нападот партнер на Швеѓанецот ќе му биде младиот Рафаел Леао.

Италија

Златан Ибрахимовиќ очигледно не губи време, Швеѓанецот уште на првиот натпревар виде оредени работи кои не му се допаѓаат, па бара промени веќе за дуелот со Каљари.

Според пишувањата на Кориере дело Спорт, тренерот Пиоли ќе ја промени формацијата на и „росонерите“ ќе играат со 4-3-1-2 наместо со 4-3-3.

На инсистирање на Златан Ибрахимовиќ, младиот Рафаел Леао ќе му биде партнер во форот а Криштоф Пјонтек ќе се пресели на клупата. Помеѓу резервите ќе се најде и Сусо, а улогата на офанзивен играч од редот за врска ќе му припадне на Хакан Чалханоглу, Турчинот ќе игра зад двајцата напаѓачи.