24фудбал

Милер на чуден начин ги спореди Флик и Ковач, може да си направи и проблем во бракот: Кога сопругата ќе ве прати...

Зборувајќи на прес конференција од тренинг кампот на Баерн Минхен во Катар, Томас Милер беше запрашан да направи споредба меѓу Ханси Флик и Нико Ковач.

Германија

Меѓудругото Милер беше прашан да направи споредба меѓу Флик и Ковач. Наместо да одговори директно, тој направи една интересна паралела.

„Кога сопругата ќе ве испрати во продавница и ќе ви даде листа со продукти што треба да купите, тогаш знаете што трочно треба да правите. Но проблем е кога ќе добиете само наредба да пазарите намирници за убава вечера! Тогаш ќе стоите зачудено пред полиците и голем ќе биде ризикот за лоша вечера!“, изјави Милер.

Јасно е дека Ханси е оној кој точно кажува што треба да се направи, додека Ковач е жената која ве праќа да купите намирници за убава вечера но не ви кажува што точно да купите.

И германските медиуми често зборуваат дека фудбалерите на Баерн Минхен ги преферираат деталните инструкции на Флик многу повеќе отколку стилот на работа на Нико Ковач кој не се базира на детални инструкции.

Кога ќе се врати од Катар во Минхен, Томас може да има забелешка од сопругата Лиза Милер во зависност од тоа дали таа дава инструкции како Флик или како Ковач.