24фудбал

Штутгарт го официјализираше трансферот на Чурлинов: Купивме млад, талентиран играч кој има перспективна иднина

Штутгарт и официјално го потврди трансферот на Дарко Чурлинов, Македонецот стави потпис на договор до 2024 година и го доби дресот со број 19.

Македонија

Дарко Чурлинов започнува нова етапа во кариерата, фудбалерот од средниот ред го напушти Келн и се пресели во Штутгарт. „Јарците“ го најавија трансферот уште пред неколку дена, а попладнево и „швабите“ официјално ја потврдија зделката.

„Дарко Чурлинов го засили Штутгарт од Келн. Стави потпис на договор со трајност од 30. јуни 2024 година и го доби дресот со број 19“ - гласеше известувањето на Штутгарт.

За ангажманот на Македонецот, спортскиот директор Свен Мислинтат рече: „Дарко е млад, таланетиран играч кој веруваме дека одлично ќе напредне во следните години и го чека перспективна иднина. Може да одработи и во офанзива и во дефанзива па токму поради неговата сестрансот не се двоумевме и го купивме“.

За новата авантура, Дарко Чурлинов вели: „Задоволен сум што пристигнав во Штутгарт, ќе го дадам максимумот. Сакам и можам да му помогнам на тимот да избори промоција во Бундеслигата. Добро ме пречекаа и со нетрпение чекам подобро да ги запознаам новите соиграчи“.