24фудбал

Малку недостасуваше Мбапе да постигне нестварен гол (ВИДЕО)

Фудбалерите на ПСЖ си поигруваа со своите противници, а Мбапе отиде и малку предалеку во една ситуација каде беше мошне близу да реализира погодок со рабона.

Франција

Актуелниот првак на Франција, ПСЖ продолжи со маестралната форма во домашниот шампионат, а синоќа избраниците на Томас Тухел со 6-1 пред своја публика го „демолираа“ Сент Етјен во Лига купот, на меч каде љубителите на фудбалот имаа можност да проследат и неколку мајстории.

Една од истите беше дело на Килијан Мбапе кој еднаш се запиша во листата на стрелците на синоќешниот меч во Париз, а младиот напаѓач можеше да се прослави со еден нестварен гол по една одлична акција на домаќините.

Нејмар покажа одлична визија и брза реакција откако ја остави топката да дојде до Мбапе при еден лажен потег, а младата ѕвезда на ПСЖ се обиде со рабона, а неговиот обид беше мошне близу до реализација...