24фудбал

Де Лихт се враќа во Ајакс?

Се верува дека Ајакс под будно око ја следи ситуацијата со Де Лихт под кормилото на Маурицио Сари во Јувентус, дилемата е колку младиот Холанѓанец се снаоѓа во новата средина.

Останато

Во Ајакс наводно размислуваат да го вратат Матијс де Лихт назад, меѓутоа на позајмица по неговиот очаен старт во новата авантура во Јувентус.

Младиот Холанѓанец беше желба на повеќе европски гиганти по феноменалните партии во дресот на Ајакс, по што на крајот потпиша за „Старата дама“ по трансферот вреден 75 милиони евра.

Меѓутоа, работите не тргнаа на добро за Де Лихт во неговата авантура во дресот на италијанскиот првак, па брзо почнаа шпекулациите околу неговата иднина, „А Бола“ сега известува дека во Ајакс се подготвени и во исчекување се за негово враќање, во случај Јувентус да посака да го испрати на позајмица уште овој месец.