24фудбал

Постои една теорија во истрагата за обидот за убиство на Ковачевиќ

Поранешниот напаѓач на Реал Сосиедад и Јувентус со брза реакција си го спаси животот при обидот за негово убиство, а во Грција веќе се појави и една теорија околу мотивите за немилиот настан кој се случи во Атина.

Останато

Поранешниот српски напаѓач Дарко Ковачевиќ кој во моментов обавува функција во грчки Олимпијакос, преживеа обид за негово убиство во Атина откако непознат сторител пукаше врз него пред неговиот дом.

Од засега познатите детали од случајот, Ковачевиќ бил во својот автомобил кога непознатиот сторител дошол до него, излегувајќи од автомобилот пукал кон него, меѓутоа Србинот брзо реагирал и веројатно на тој начин си го спасил животот во таа ситуација.

Грчките медиуми од тогаш па наваму се занимаваат со тоа кои се мотивите за обидот за убиство на Ковачевиќ, а првичните информации кои излегоа и од истрагата велеа дека причините не се од фудбалски карактер.

Медиумите кај нашиот јужен сосед известуваат дека истрагата добила нов правец, и тоа во Србија, каде наводно Ковачевиќ наводно учествувал во тепачка минатата година.

Дарко учествувал во една тепачка во белградски ресторан додека се уште бил на позицијата директор на Фудбалската федерација на Србија, така овој детал сега претставува преодна точка за истрага околу можноста да таа тепачка влијаела на обидот за убиство“ се наведува во грчките медиуми, за што пренесе и српски „Курир“.

Во Грција пишуваат и за сериозно вмешување на српска мафија во целиот тој случај, особено го наведуваат добро организираниот напад почнувајќи со кражба на автомобилот со кој биле напаѓачите, замената на регистарските таблици, и на крајот палењето на истиот.