24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Варди се враќа, Лестер против екипата против која броеше до девет

Викендов се играат натпреварите од 22 коло во англиската Премиерлига, а возбудувањата стартуваат уште вечерва со дуелот помеѓу Шефилд Јунајтед и Вест Хем.

Останато

По кратка пауза повторно се враќаме со нашите анализи како помошна алатка за натпреварувачите во „Фантази Премиерлигата“ од нашата земја, кои ги има во голем број секако.

Со оглед на фактот што имаме неколку интересни пресметки, односно тоа што има неколку фаворити за ова коло кои нудат голем избор во своите состави, веројатно за очекување е ова коло да помина доста богато на контото на сите натпреварувачи.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Веднаш ќе започнеме со графичкиот приказ за тоа како стои ситуацијата во поглед на трансферите, иако многумина ќе ги зачуди, добрите познавачи на Премиерлигата воопшто нема да се изненадат за тоа кој е најкупуван фудбалер во моментов.


Напаѓачот на Саутемптон, Дени Ингс доби неверојатни 301103 натпреварувачи зад своето име кои го додадоа во своите екипи, а со оглед на неговата фантастична форма, оваа бројка воопшто не е изненадување.

Сепак, имајте во предвид дека Саутемптон гостува кај неверојатниот Лестер, од кого претходно на домашен терен претрпе неверојатен пораз од цели 0-9, сепак, ниската цена на Ингс (6.7) веројатно за многумина е примамлива дури и за ризик.

Клајверт-Луин игра одлично под кормилото на Карло Анчелоти во Евертон, а фактот што „Карамелите“ имаат доста добар распоред во продолжението, имаат дури пет меча во низа противници по мерка, е добар показател за најголемата причина зошто се купува напаѓачот.

Најмногу поради повредата за што ќе отсуствува дури до април, на првото место на најпродавани фудбалери е напаѓачот на Тотнем, Хари Кејн, од кого се ослободија дури 522920 натпреварувачи, по него следи неговиот соиграч Деле Али чија форма малку опадна изминатиов период.

Интересно, на третото место е Џејми Варди, напаѓачот на Лестер кој доби принова во семејството и отсуствуваше два меча во серија, меѓутоа тој се враќа викендов против екипата која постигна хет-трик во неверојатната победа од 0-9 на гостински терен.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Во однос на селекцијата, започнуваме нормално со голманската позиција, веројатно најдобар избор на таа позиција е Џордан Пикфорд (5.3) од Евертон, кој со својата екипа на домашен терен го пречекува Брајтон. Фактот што „Карамелите“ имаат шест меча во серија против противници по мерка, ви нуди можност Пикфорд да биде избор и на подолг рок.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Поради последната причина која ја наведовме претходно за Пикфорд, а секако и поради неговите чести офанзивни задачи на противничките половини, веројатно нема да погрешите со Лукас Дињ (5.7), од него очекуваме бодови ова коло, па зошто да не се случи некоја асистенција, или погодок од францускиот бек.

Веројатно тешко е за претпоставување како натпреварувачите би учествувале без да го имаат во својот состав Трент Александер-Арнолд (7.5) од Ливерпул, кој со својот состав гостува кај Тотнем во дербито на колото. Олеснителна околност за Арнолд и неговите колеги во одбраната е тоа што Кејн е повреден и вон комбинација за настап, па отворена е опцијата за клин-шит, односно бодови од меч без примен гол.

Дефанзивното трио ќе го заокружиме со Рикардо Переира (6.4) од Лестер, не дека го потценуваме Саутемптон кој во својот состав го има Ингс, туку поради фактот што враќањето на Варди ќе биде огромна мотивација кај домаќините, а Переира често го гледаме во чувствителната зона на противниците, па нема да зачуди од него да проследиме гол или асистенција.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Веројатно големата дилема околу Мохамед Салах и Садио Мане (12.3) остана и по 21 коло, меѓутоа ние ова коло предност ќе му дадеме на Мане, од причина што имаме дилеми околу настапите на Салах на дерби пресметките за Ливерпул.

Во средниот ред ќе има место и за Ентони Марсијал (7.9) од Манчестер јунајтед, кој со својата екипа на домашен терен игра против Норич, противник кој ја има најслабата одбрана во Премиерлигата со дури 41 примен гол во сопствената мрежа, па тоа е и повеќе од добра причина да го селектирате Французинот кој инаку во реалноста игра како централен напаѓач, а на играта се води како фудбалер од средниот ред.

Ришарлисон (8) игра во одлична форма под кормилото на новиот тренер Карло Анчелоти во Евертон, Бразилецот погоди и на гостувањето кај првакот Манчестер  Сити (2-1), а од него очекуваме многу ова коло. Ришарлисон во дебито на Анчелоти играше како централен напаѓач во друштво на Клајверт-Луин, а потоа беше прекомандуван нешто поназад, логично е да го очекуваме второто, но нема да зачуди доколку биде вратен и понапред.

Борнмут – Ватфорд е дерби на колото во долниот дел од табелата, поточно дуел помеѓу 18-то пласираниот и претпоследниот на табелата еден до друг, а ние ќе селектираме еден фудбалер на домаќините кој е редовна опасност за противниците, а тоа е Хари Вилсон (5.9) кој може во голема мера да му помогне на својот состав викендов.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Доаѓаме до напаѓачкото трио, поради кое ова коло ќе препорачаме формациска поставеност од 4-3-3, а со оглед на натпреварите, веројатно би било штета да го немате ова трио во својот состав.

Лестер е голем фаворит против Саутемптон на домашен терен, тука нема никакви дилеми, а фактот што Џејми Варди (10) доби принова во своето семејство, е дополнителна мотивација кај него да покаже и докаже што знае и умее.

Маркус Рашфорд (9.2) од Манчестер јунајтед против најслабата одбрана во Премиерлигата има одлична шанса до нови бодови, поточно во дуелот против Норич на домашен терен, претходното коло немаше добро издание во гостинскиот пораз кај Арсенал, а пред тој меч погоди во два меча во низа, очекуваме ова коло да се врати.

Иако под одредени дилеми, сепак, триото во нападот ќе го заокружиме со Тами Абрахам (7.8) од Челси, а дилемите не се од квалитетите на напаѓачот, туку од друга природа. Станува збор за добро познатиот проблем на Челси кога игра на домашен терен, односно кога не личи на себе. Иако Челси е фаворит против Барнли, земете ја во предвид формата на составот на Лампард пред своја публика.


Предлог-состав: ПИКФОРД (5.3); ДИЊ (5.7), АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД (7.5), ПЕРЕИРА (6.4); МАНЕ (12.3), МАРСИЈАЛ (7.9), РИШАРЛИСОН (8), ВИЛСОН (5.9); ВАРДИ (10), РАШФОРД (9.2), АБРАХАМ (7.8)

 

Капитен: ВАРДИ

Заменик-капитен: Марсијал

 

Традиционално, анализата ја заокружуваме со осврт за тоа што се случува во генералната лига на „Македонија“, како и случувањата во лигата на „24фудбал“.

Бележиме една доста интересна ситуација, а тоа е фактот што натпреварувачот Игор Премуш со досега освоени 1287 бода е лидер во обете лиги.

Имате можност да го проследите горниот дел од табелата на „Македонија“ составен од пет натпреварувачи, како и составот на лидерот во оваа конкуренција.


Со оглед на фактот што претходниот натпреварувач кого го наведовме е лидер во обете конкуренции, освен што ќе ја претставиме табелата во „24фудбал“, ќе ви го претставиме и изборот на второпласираниот Иван Стојкоски.


Среќно до сите натпреварувачи ова коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“, кодот е следен: ah7lqe