24фудбал

Никој како овој Ливерпул на Клоп, на „црвените“ им нема рамен ниту во Англија ниту во топ 5 во Европа! (ФОТО)

Ливерпул го доби дербито со Тотнем и испиша историја, „црвените“ по 21-но коло имаат освоено 61 бод и со вакво постигнување не може да се пофали никој друг, ниту во Англија ниту пак во топ 5 првенствата во Европа.

Англија

Клубот од Енфилд се чини дека е на добар пат да го прекине постот и по 30 години да стигна до титула во најсилното првенство на Англија. Избраниците на Јирген Клоп продолжуваат да редат победи и денеска триумфираа на гостувањето кај Тотнем со 0-1.

Со овој успех, „црвените“ испишаа историја и соборија едно големо постигнување на Пеп Гвардиола и Манчестер Сити. „Граѓаните“ во сезоната 2017/18, по 21-но коло имаа освоено 59 бодови. Ливерпул по 21-но коло сега има освоено 61 бод.

Но не само во Англија, на Ливерпул му нема рамен ниту во топ 5 првенствата во Европа, каде ниту еден тим нема освоено толку многу бодови по 21-но коло.