24фудбал

Тричковски немаше милост за Богатинов, четири пати му ја тресеше мрежата! (ВИДЕО)

АЕК Ларнака со 5-2 победи на гостувањето кај Етникос Ахна, а дури четири голови беа дело на нашиот Иван Тричковски.

Македонија

Тричко ја наполни мрежата на Мартин Богатинов, тој заедно со Костовски Маркоски ги бранат боите на Етникос Ахна.

Нивниот тим водеше со 2-0 по првото полувреме, мечот го отвори Јован Костовски постигнувајќи гол со глава. 

Во второто полувреме на сцена стапи Тричковски. Македонецот погоди четири пати, а имаше и асистенција за изедначувачкиот погодок.

Со 15 голови Тричковски е прв стрелец во кипарското првенство.