24фудбал

Конте се налути за прашање поврзано со Санчез: Господо, ниту сум луд, ниту морон...

Чилеанецот се уште не е подготвен да игра на високо ниво кое од него го бара Конте, тврди искусниот италијански фудбалски стратег од клупата на Интер, посебно го погоди прашањето за Чилеанецот по мечот со Аталанта каде тој не беше во комбинација за настап.

Италија

Шефот на стручниот штаб на Интер, Антонио Конте не беше импресиониран по едно прашање за време на пресконференцијата по ремито со Аталанта на домашен терен.

Со ремито, кое можеше да биде и пораз за „Нероаѕурите“, Јувентус со евентуална победа вечерва кај Рома ќе биде шампион на полусезоната во „Серија А“, од причина што моментално Интер има само бод предност во однос на „Старата дама“.

Прашањето кое го налути Конте се однесуваше на статусот на Алексис Санчез, искусниот италијански фудбалски стратег наведе дека не е луд за да го изоставува Чилеанецот, посочувајќи дека тој се уште не е подготвен за да игра на високо ниво.

Вие го наведовте Санчез, па господо, фудбалерите мораат да бидат подготвени за да играат“ рече Конте.

Не сум луд, ниту пак морон, или да сакам да се повредам самиот себе си, верувам дека еден плус еден е еднакво на два, доколку вие сметате дека еден плус еден е еднакво на пет...“ додаде Конте на темата за Санчез.

Чилеанецот во редовите на Интер е на позајмица од Манчестер јунајтед сезонава, досега реализираше само четири настапи за италијанскиот прволигаш, а повредата за време на интернационалната пауза во ноември ланската година му создаде нови проблеми во враќањето на терените.

31 годишниот Санчез погоди еднаш во дресот на Интер во „Серија А“, и тоа во победата на Интер кај Сампдорија во септември.